Седум години без Гоце Влахов, актерот со чии улоги израснаа генерации фото и видео
- Aleksandar Santovski
- Jul 29
- 1 min read
На денешен ден во 2019 година нè напушти еден од најпознатите македонски актери, Гоце Влахов. Човекот со чии улоги израснаа многу генерации и кој беше препознатлив по својот глас, зад себе остави неизбришлива трага на македонската театарска и филмска сцена.
Момчето од првата генерација на ФДУ
Роден на 12 мај 1949 година, својот пат во актерството го започна во 1971 година, кога беше дел од онаа легендарна прва екипа студенти што дипломираа на ФДУ во Скопје, заедно со Колозов, Петре Арсовски, Мајда Тушар и други големи имиња. Неговиот вистински актерски дом стана Македонскиот народен театар (МНТ), каде што поминуваше со часови на сцената, играјќи од големи светски класици, па сè до современи домашни драми.
Лицето што го сакаа сите генерации
Сепак, она по што сите најмногу го паметиме беа „Македонските народни приказни“ и историската серија „Тврдокорни“. Тој имаше природна топлина и хумор со кои веднаш ја освојуваше публиката. На филмското платно ни подари впечатливи улоги во култните „Среќна нова ’49“, „Црвениот коњ“, „Оловна бригада“, па сè до неговиот последен филм „Врба“.
За својот труд ги доби сите големи награди, вклучувајќи ги и оние за животно дело, но за него најважно беше тоа што луѓето на улица го препознаваа со насмевка.
Гоце си замина тивко, но зад себе остави трага што не избледува. Секогаш кога на телевизија ќе се пушти некоја стара народна приказна, неговото лице и глас повторно нè потсетуваат каков искрен и голем уметник имавме.






Comments