top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Седум британски града во потесен избор за домаќини на Евросонг 2023

Откриен е скратениот список на градови во Велика Британија што би можеле да бидат домаќини на Евровизија в година, со седум локации во трка. Бирмингем, Глазгов, Лидс, Ливерпул, Манчестер, Њукасл и Шефилд ќе се натпреваруваат за организација на настанот што ќе се одржи во мај в година. Дваесет града изразија интерес, а зачудува фактот што Лондон и Белфаст не се најдоа во потесниот избор. Велика Британија беше избрана за домаќин на натпреварот откога организаторите одлучија дека не може да се одржи во Украина, победниците во 2022 година. Британскиот пејач Сем Рајдер заврши на второто место на годинешниот натпревар во Торино, Италија. Одлуката да се пресели од Украина поради војната доведе до жестоко оспоруван процес на селекција меѓу градовите во Обединетото Кралство, кои сакаат да привлечат илјадници посетители и внимание на речиси 160 милиони ТВ-гледачи во светот.




0 views

Commentaires


bottom of page