Седум актуелни трендови на уличната мода
15.04.2021 April Cetvrtok
Поимот тренд за секого од нас може да има различно значење, но првата асоцијација се актуелни парчиња облека. Притоа се битни два главни параметри: прикажаното на модните недели во светските метрополи и она што може да се забележи на улиците. Некои од новитетите веќе стигнаа и кај нас, па може да си ги дозволите во овие пролетни денови.
Пастелни тонови: лимон-жолта, нане-зелена, небеносина… ги преплавија улиците. Освен облека, има и детали со пастелни тонови.
Градник наместо блуза: неочекувано дојде до пресврт во носењето на градникот, кој жените го носат самостојно, како корсет или блуза, без други дополнителни парчиња. Пред доаѓањето на летото може да се забележат и под џемпер со копчиња.
Блескаво бело: повторно се враќаат модели во бела, но овој пат блескава боја. Оваа пролет се носат бели плетени блузи, а летово во тренд ќе бидат моделите од бел лесен памучен материјал.
Каубојски стил: тексасот е повторно во мода, но за разлика од претходно, кога се носеше само едно парче облека, сега ќе бидеме облечени во оваа платно од главата до петиците. Цветните дезени повторно се модерни: пролетните цветови се селат на нашата облека. Нема сомнение дека секој ќе може да си пронајде нешто по свој вкус.
Проѕирна облека: годинава мора да имате кошула, фустан, па дури и панталони што откриваат што се наоѓа под нив.
Сива боја: можеби звучи чудно, но сивата боја веќе не е резервирана за зимската сезона, туку ќе се носи цела година, во најразлични варијанти.
Comments