Седмо издание на фестивалот Today It’s All About Jazz
На 30 април, со почеток од 13 часот, во паркот „Ибни Пајко“, ќе се одржи седмото издание на големиот целодневен џез-хепенинг со наслов Today It’s All About Jazz, организиран од страна на Здружението за џез-музичарите и слободните уметници – ЗЏМ Скопје.
Меѓународниот ден на џезот е меѓународен ден прогласен во 2011 година од страна на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации со цел „да се истакне џезот и неговата дипломатска улога да ги обединува луѓето во сите краишта на светот“. Овој ден се слави секоја година на 30 април, а идејата за негово одбележување потекнува од џез-пијанистот и амбасадор на добрата волја на УНЕСКО, Херби Хенкок. Со Денот на џезот претседаваат Хенкок и генералниот директор на УНЕСКО. Прославата е забележана во календарите и на УНЕСКО и на Обединетите нации.
„Институтот за џез ‘Херби Хенкок’ (поранешен Институт за џез ‘Телониус Монк’), американска невладина организација, со која исто така претседава Хенкок, е водечки организациски партнер за Денот на џезот.
Институтот ги координира активностите во земјите членки на УНЕСКО, како и дел од прославите што се одржуваат глобално.
Comments