Седлоски се одлучи за храбра формација на „Хемпден парк“: Македонија ќе нападне со тројца офанзивци во Глазгов (Фото) Lлига на нации фудбал Македонија Шкотска
13.11.2026 Noemvri Petok
На еден час пред петтиот натпревар на Македонија во Б сегментот во Лигата на нации, Гоце Седлоски одлучи кои 11 фудбалери ќе истрчаат вечерва од првата минута на „Хемпдер парк“, стадион на кој нашиот национален тим ќе брка прекин на црната низа во годината која полека изминува.
Шкотска е доволно голем предизвик сама по себе, а Седлоски со својата формација најавува дека треба да гледаме офанзивна Македонија која ќе биде гладна за победа.
Селекторот на репрезентацијата се одлучи за офанзивна формација во систем 4-3-3, во која ќе гледаме двајца крилни напаѓач и еден центарфор.
Дориев и Чурлинов ќе имаат улога на напаѓачки крила, додека Растодер ќе биде најистурен пред голот кој го брани Ган.
Сигурен стартер на голот на Македонија очекувано е Димитриевски, пред него ќе бидат Илиевски, Младеновски, Муслиу и Алиоски, додека за контрола на средниот ред се задолжени Елмас, Барди и Гаштаров.







Comments