top of page

Седлоски: Потценувањето на Хојлунд нè мотивира, во глава ги имам тимот и формацијата Видео Македонија-Данска калификации за светско 2026 фудбал во Паркен Копенхаген

25.03.2026 Mart Sreda

Изолирани од очекувањата на јавноста и од данскиот студ и ветер, македонските фудбалери во мир го подготвуваат историскиот бараж натпревар против европскиот првак од 1992 година. Селекторот Гоце Седлоски ја одржа првата прес-конференција пред официјален натпревар и делуваше концентрирано и подготвено.

Прилепчанецот го најави мечот со кој ја започнува својата селекторска авантура.„Македонија е пред голем предизвик за пласман на Светско првенство. Ова е сон на сите нас, тренери, играчи, навивачи и цела нација. Пред нас е моќна репрезентација како Данска, која ја почитуваме и цениме, но заслужни се и нашите фудбалери кои дојдоа до овој бараж. Видов позитивна атмосфера и енергија во овие три дена колку што работам со нив и мислам дека сме спремни за натпреварот утревечер. Изненаден сум какви карактери се моите фудбалери. Сите сме фокусирани, дишеме како едно семејство, знаеме што значи македонскиот дрес и треба да го оправдаме. Данска е фаворит, но некогаш не победуваат фаворитите. Трениравме детално, знаат фудбалерите што барам од нив. Трениравме и пенали, но најнапред треба да дојдеме до нив. Не можам да ви ја кажам формацијата, но веќе одлучив како ќе играме. Штета што го немаме Алиоски, но не повикавме нови фудбалери и ми се врти во главата тимот кој ќе излезе на терен.Иако сите мислиме дека ростерот на Данска е ослабен, тие имаат одлични фудбалери. Нападот им е поопасен, но некои работи зависат и од нас. Против силните репрезентации овие фудбалери секогаш играле одлично. Нека биде така утревечер. Во фудбалот се случуваат чуда. Нивното потценување е дополнителен мотив за сите нас. Изјавата на Хојлунд посебно ги мотивира моите момци. Им благодарам на сите навивачи кои ќе дојдат на натпреварот и ќе ни дадам поддршка“, заврши селекторот. 


 
 
 

Comments


bottom of page