Седлоски: Потценувачката изјава на Хојлунд ги мотивира моите фудбалери!
- Aleksandar Santovski
- Mar 26
- 2 min read
25.03.2026 Mart Sreda
Како што беше најавено, македонските претставници се појавија во 18:00 часот во прес-центарот во Данска, а сосема очекувано, Гоце Седлоски и капитенот Енис Барди имаа шанса да го најават бараж полуфиналето за пласман на Светско првенство.
Новоназначениот селектор ќе има свое деби утревечер на „Паркен“ и ќе има тежок испит заедно со своите избраници, но прилепчанецот верува дека македонските фудбалери се доволно добри и воиграни за да парираат против фаворизираната Данска.
Според Седлоски, во прилог оди и изјавата на напаѓачот Расмус Хојлунд, кој на два дена пред натпреварот нагласи дека Данска нема зошто да стравува од пласман на мундијал кога игра со селекција како Македонија. (Играме против Македонија, а не против Германија или Франција).
– Македонија се наоѓа пред голем предизвик, пласман на Светско првенство. Тоа е сон за сите нас….. Тренери, играчи, навивачи, за цела нација во нашата земја. Знаеме против кого играме, знаеме што имаме пред себе, Данска е моќна репрезентација. Ги почитувме и цениме, но мора да им дадеме заслуга и на нашите фудбалери кои стигнаа дотука на овој бараж.
– Во овие неколку дена видов позитивна атмосфера, добра енергија и мислам дека сме подготвени за утрешниот меч. Изненаден сум од карактерот на овие фудбалери, сите се максимално фокусирани и во тимот дишеме како едно семејство. Данска влегува како фаворит, но во фудбалот не секогаш победуваат фаворитите.
– Имам одлучено како ќе играме, но нема да ја откривам формацијата. Трениравме и пенали, но најпрво треба да дојдеме до нив за да има таква разврска. Штета што го немаме на располагање Алиоски, но веќе ми се врти во глава тимот кој утре ќе излезе на теренот, – изјави Седлоски, кој слично како колегата Ример, не сакаше да ги отвора картите пред натпреварот.
Во изминатите неколку дена, голем дел од јавноста во Данска зборува за тоа колку тимот на Ример е ослабен, но Седлоски не наседнува на таквите игри.
– Иако сите мислиме дека имаат послаб ростер, тие имаат одлични фудбалери. Мислам дека нападот им е поопасен од претходно, но некои работи ќе зависат и од нас на теренот. Овие фудбалери покажале дека знаат да играат против добри репрезентации, сакаме да биде така и утревечер. За нас во прилог оди и тоа што има одредено потценување. Изјавата на Хојлунд дополнително ги мотивира моите фудбалери. Се држиме до нашиот план и стил, и знаеме како да ги искористиме сите предности, – изјави Седлоски на прес-конференцијата пред македонските новинари.






Comments