Седлоски објасни зошто Несторовски не добива повик во репрезентацијата фудбал лига на нации квалификации 2026-2027
03.11.2026 Noemvri Vtornik
Гоце Седлоски доби најмногу прашања за играчите кои имаат напаѓачки улоги во националниот тим, пред се поради тоа што селекторот реши да го изостави Бојан Миовски кој не добива минутажа во Глазгов, а му даде шанса на Марко Ѓорѓиевски кој добро го познава и од клупски план.
Македонскиот селектор даваше одговори и за дебатите кои се појавија во македонската јавност во изминатиот период, а една од нив беше поврзана и за Илија Несторовски кој самиот се понуди за кам-бек во националниот тим.
Популарниот Нестор-гол игра во врвна форма во Хрватска и самиот се стави на располагање доколку на Седлоски му треба помош во нападот, но денеска селекторот јасно стави до знаење дека не планира да го повика искусниот голгетер.
– Во нападот се одлучивме за четворица фудбалери, а двајца од нив ги имам тренирано и на клупски план. Тоа се Азер Омерагиќ и Марко Ѓорѓиевски. Азер беше со нас, а Марко се врати од повреда и почна да игра редовно во својот клуб. Затоа сакам да видам како ќе се справи со настапи за репрезентацијата, – изјави Седлоски, кој се осврна и на Несторовски.
– Несторовски игра во одлична форма, станува збор за играч кој има дадено многу за репрезентацијата на Македонија. Сепак, јас кажав и повторно ќе кажам. Имам јасна концепција, започнав со процес на подмладување на тимот и ќе продолжам по тој пат, – јасно порача Седлоски.







Comments