top of page

Седлоски: Нема причина некој да е навреден затоа што не е стартер! фудбал квалификации за светско 2026 во Мексико

28.03.2026 Mart Sabota

Селекторот Гоце Седлоски се осврна и на ситуацијата со Александар Трајковски и Бојан Миовски по натпреварот со Данска, кои покажале доза на незадоволство затоа што не биле стартери.

Двајцата играчи нема да играат со Ирска, затоа што се вратија во своите клубови. Седлоски потенцира дека одлуките биле донесени исклучиво врз основа на натпреварувачката форма и тактичките барања и нема причина некој да е навреден заради тоа.„Александар Трајковски не беше задоволен што не започна во првиот состав, но во овој момент сметам дека физички не е на нивото потребно за да одговори на барањата на ваков натпревар.Нашиот план беше, доколку има потреба, Трајковски да добие шанса во завршницата, но текот на натпреварот не го наложи тоа. Нема причина некој да се чувствува навреден.Слична беше ситуацијата и со Бојан Миовски, кој исто така не беше задоволен што не започна, но мора да се прифати дека во репрезентацијата има 23 фудбалери и никој нема загарантирано место во почетниот состав“, изјави Седлоски.

Натпреварот меѓу Ирска и Македонија се игра во Даблин на 31 март.


 
 
 

Comments


bottom of page