top of page

Седлоски: Не дојдовме само да одиграме натпревар, туку да направиме нешто! Швајцарија-Македонија лига на нации фудбал 2026-2027 фото и видео

Oct 5
1 min read

05.10.2026 Oktomvri Ponedelnik

Последниот термин во овој репрезентативен „прозорец“ ни носи меч против Швајцарија, селекција која ги доби сите досегашни натпревари во нашата група во Лигата на нации.

Швајцарците пред десеттина дена не добија во Скопје со 3-0 во меч во кој можеа да постигнат уште најмалку исто толку погодоци, поточно поголем дебакл за Македонија спречи голманот Столе Димитриевски.

Домаќините со огромна самодоверба го дочекуваат мечот во Луцерн, додека ние имаме огромни проблеми, негативна серија која сакаме да ја прекинеме, меѓитоа за тоа ќе биде треба перфектна партија. Селекторот Гоце Седлоски очекува реакција од тимот и подобра игра во однос на првиот меѓусебен дуел.

-Знаеме каква репрезентација е Швајцарија и со какви играчи располага. Мора да ги надминеме грешките од првиот меч. На терен ќе излеземе да докажеме дека знаеме да ги отстраниме проблемите кои ги имавме, со колективна игра и еден за друг. Швајцарија е велесила, но ние тука не дојдовме само да одиграме натпревар, туку да направиме нешто. Сакаме добар натпревар и да се израдуваме по поразите кои ги имавме, -истакна Седлоски кој најави промени во тимот.

-Сите играчи кои се повикани ќе добијат шанса. Ќе има свежи играчи и некои промени, затоа што не може да се издржи таков период. Од секој играч сакам подобро. Имаме и млади момци кои се примени добро од постарите и од меч во меч мора да бидеме подобри, -порача селекторот.

Средбата Швајцарија-Македонија е закажан за утре од 20:45 часот.


 
 
 

Comments


bottom of page