Седлоски најави промени во стартниот тим на Македонија: Ќе има освежувањa во почетните 11 против фото и видео
28.09.2026 Septemvri Ponedelnik
Седлоски не беше задоволен од изданието против Швајцарија и истакна дека не е задоволен од неколку поединци, но после изјавата која ја даде со „жешка глава“, сега пред Словенија нагласи дека во својот тим има златни деца.
– Мора да реагираме и да ги поправиме грешките од натпреварот со Швајцарија. Ќе има освежување во играчкиот кадар кој ќе излезе на теренот и очекувам да дадеме максимум. Резултатите кои ги имаме ги оставаме зад нас, мислиме само на тоа што следи утре, а тоа е Словенија. Станува збор за тим кој пред две години играше Европско првенство, а тоа е доволно добар аргумент за нивниот квалитет.
– Со вжештена глава малку лошо се изразив по мечот со Словенија. Имам златни деца во тимот, феноменални фудбалери и утре очекувам позитивен меч. Ќе има промени и освежување во тимот во неколку редови, а сигурно во нападот. Сите даваме се од себе, сите играчи и сите членови на струшниот штаб. Имаме голем мотив, сакаме да истрчаме на терен за добар резултат.
– Словенија не е за потценување, но сепак не е од калибарот на Швајцарија. Не сакам да потценам никого, но Швајцарија е поквалитетна од сите други екипи во групата во Лигата на нации, – изјави Седлоски.







Comments