Седлоски: Навивам за „нашите“ Балканци, од срце им посакувам успех на Светско 2026 фудбал
- Aleksandar Santovski
- 4 days ago
- 1 min read
11.06.2026 Juni Cetvrtok
Светското првенство во фудбал пристигнува со нова димензија! Најголемиот Мундијал во историјата ќе донесе незаборавни натпревари, нови херои и спектакуларни моменти од трите земји домаќини – Канада, Мексико и САД. Следете нè секој ден за анализи, приказни и сè што треба да знаете за патот кон светскиот фудбалски трон!
Gol.mk ви носи и прогнози на наши фудбалски легенди и работници за спортскиот настан. Серијалот пред првиот меч на Мундијалот завршува со селекторот на македонската фудбалска репрезентација, човекот со 100 настапи во дресот со државниот грб и шампион со Вардар, Гоце Седлоски.„На Светското првенство има квалитетни селекции, секој кој е пласиран тука е со причина. Кај фаворитите би ги сместил Германија и Бразил, а искрено од срце ќе навиваме за „нашите“ балкански селекции, тоа се Хрватска и Босна и Херцеговина на кои им посакувам успешен настап и искрено се надевам дека ќе дојдат што е можно подалеку.Изненадувања секако дека ќе има како и на секој голем собир. Но, очекувам од оние најдобрите европски селекции и од Јужна Америка да го покажат својот квалитет. Исто би ја споменал и Англија, која е добра селекција со добар селектор, но мора да се биде внимателен затоа што секогаш знаеме фудбалот каков е и што може да донесе.Кога се игра репрезентативен фудбал, победува колективот. Се игра тимски. Секако дека некој ќе се издвои, ќе биде посебно мотивиран, тука се имиња како Кристијано Роналдо, Лионел Меси, Лука Модриќ, за кои ова првенство веројатно е и последното. Тие сигурно ќе имаат голема желба да се истакнат на теренот“, изјави Седлоски.
Светското фудбалско првенство стартува вечерва со натпреварот меѓу Мексико и Јужна Африка.






Comments