top of page

Седлоски: Ми се допадна дебито на Фетаи, во иднина ќе бидеме поофанзивни! Македонија-Ирска 0-0 Видео квалификации за светско 2026 фудбал

31.03.2026 Mart Vtornik

На средбата со новинарите по дуелот, селекторот рече:„По тешкиот натпревар во Данска, денешниот дуел беше тврд. Исклучок е притисокот на Ирска на крајот од првиот дел и последната шанса која ја одбрани Столе. Им дадов шанси на сите фудбалери, мислам дека дуелот не понуди многу шанси. Знаеме како игра Ирска, Данците се сосема поинаква репрезентација, но да не заборавиме дека оваа селекција водеше со 0-2 по првиот дел во Прага.Задоволен сум од настапот на Фетаи, ова беше негово деби, но одлично се снајде. Го следев на неколку натпревари во  Првата лига за Шкендија и ми се допадна тоа што го видов. Седум дена сум со репрезентацијата, имав само три тренинзи во Скопје и мора да почекаме. Головите ќе дојдат, треба да освежуваме во сите линии. Мора да играме офанзивно и да се наметнеме против противниците“.

Нашата репрезентација утре се враќа за Скопје, а следните активности ќе ги има во јуни, кога во следниот ФИФА „прозорец“ ќе одигра два контролни натпревари, кои ќе бидат подготовка за есенската групна фаза од Лига Б на Лигата на нации. 

ФОТО: Фудбалска федерација на Македонија

 
 
 

Comments


bottom of page