top of page

Седлоски за најпријатното освежување во македонскиот тим: Не сум донел одлука дали ќе игра против Швајцарија Фудбал Стадион Тодор Проески Скопје Македонија

Sep 25
1 min read

25.09.2026 Septemvri Petok

Македонија се најде во тешка група и ќе ги отвори возбудувањата со пресметка против Швајцарија во Скопје, а додека гостите зборуваат за важните отсуства во тимот на селекторот Мурат Јакин, Гоце Седлоски максимално се фокусира на својот тим.

Македонскиот селектор денеска ја одработи стандардната прес-конференција која служи како најдобра најава за натпреварот кој следи, а на истиот нагласи дека воопшто не се занимава со фудбалерите кои не пристигнаа во Скопје, а тоа се Гранит Џака, Брил Емболо, Ноа Окафор, Денис Закарија и Рубен Варгас.

–  Одработивме максимално на овие четири тренинзи кои ги имавме и презадоволен сум од сите играчи кои се појавија, сите пристигнаа со желба и знаење што се бара на теренот. Ние играме со иста мотивација против секој ривал, па така ќе биде и против Швајцарија. Очекуваме голем број фанови и поддршка од публиката, веруваме дека со нив можеме до поволен резултат.

– Наше е да одговориме позитивно и да прикажеме добра игра. Не размислуваме за противникот, не е важно со каков тим ќе настапат и кои играчи им недостасуваат. Важни сме само ние, сите играчи се здрави и тренираат добро, со исклучок на Николов кој нема да може да настапи. Преферирам да размислувам само на мојот тим и да останеме позитивни пред овој натпревар, – изјави Седлоски.

Интересно освежување во националниот тим е Матеј Гаштаров кој имаше импресивни изданија за Црвена Звезда, но Седлоски се уште нема донесено одлука дали тој утре ќе биде стартер на натпреварот.


 
 
 

Comments


bottom of page