Седлоски: Вардар и Шкендија се фаворити, но на стартот ќе има изненадувања
- Aleksandar Santovski
- Jul 24
- 1 min read
24.07.2026 juli Petok
Новата сезона започнува денес, со скратен формат од само десет екипи, што ветува многу пожестока и понеизвесна битка.
Главни фаворити за титулата во новата сезона 2026/27 vo Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) се актуелниот шампион Вардар и засилената Шкендија. Тоа е ставот на пошироката јавност, но и на селекторот Гоце Седлоски.„Вардар и Шкендија сигурно ќе бидат фаворити за освојување на титулата, но внимавајте на изненадувања. Посебно во првите три кола очекувам и изненадувачки резултати, бидејќи екипите уште се комплетираат, се засилуваат и не се познаваат најдобри.Сепак, екипите кои играат во Европа и рано почнаа со подготовки имаат предност пред останатите“, рече за Арена спорт Македонија, Гоце Седлоски.
По првото коло, кое е распоредено во три дена, следи еднонеделна пауза, па шампионатот продолжува на 7,8 и 9 август.






Comments