top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Сега со Есма ќе го делите небото“ – естрадата се збогува со кралот на ромската музика, Ферус Мустаф

Игор Џамбазов, Калиопи, Росана Сариќ – Тодоровска, Елена Ристеска се меѓу неговите колеги кои со емотивни постови на социјалните мрежи се поздравија со македонската легенда.

„Затоа свири за мене, свири ми брате Ферусе… Лесна ти земја мајсторе“, напиша Игор Џамбазов.

„Збoгум легендо…. Сега со Есма ќе го делите небото. R.I.P. Ферус Мустафов“, напиша Калиопи.

„На дочекот на новата 2023та година првпат се видовме, а и последен пат. Ви честитавме нова година вам и она што го читам денес дека починал ме става во мисла колку е се’ релативно во животот. Денес здрави и живи сме, а утре може не. Исто како песната на Росана во која свиреше. Почивај во мир легендо“, напиша Елена Ристеска.

Ферус Мустафов почина по речиси еден месец лекување во Градската општа болница „8 Септември“. Директорот на болницата Христијан Костов вчера за „Макфакс“ кажа дека лекарите дале се’ од себе за да му помогнат.






4 views

Comments


bottom of page