top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Се сам направи: Како голманот и стативата спречија радост на Барди во Белград


Македонскиот репрезентативец, Енис Барди и неговиот Трабзонспор не успеаа да се изборат за поволен резултат на гостувањето кај Црвена Звезда на кое претрпеа пораз од 2-1, пораз кој значи дека во завршното коло не очекува вистинска драма за позициите два и три во групата Х кои носат европска пролет.

Нашиот Барди беше стартер и мина на теренот 82 минути, а најголемата шанса за радост ја пропушти во првиот дел кога се сам направи, шутираше одлично од далечина, ама голманот Борјан успеа во последен момент да интервенира и со помош на стативата да ја сочува мрежата.






1 view

Comments


bottom of page