top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Се раздели од свршеникот, се дружи со Бен Афлек, Џеј Ло никогаш не била посреќна

Џенифер Лопез открива дека никогаш не се чувствувала подобро. 51-годишната пејачка и актерка се раздели од свршеникот Алекс Родригез пред три месеци и потоа повторно ја разгори својата романса со поранешниот партнер Бен Афлек, а сега таа призна дека во моментот го поминува најдоброто време од својот живот. „Јас сум суперсреќна. Луѓето постојано прашуваат: „Како си? Што се случува? Дали си добро?“ Ова е тоа. Никогаш не сум била подобро“, рече таа. „Сакам луѓето што се грижат за мене да знаат дека навистина стигнав до место во мојот живот, каде што сум одлично сама. И мислам дека кога ќе стигнете на тоа место, тогаш ви се случуваат неверојатни работи што никогаш не сте помислувале дека ќе се повторат во вашиот живот“. Таа не го спомна Бен по име кога изјави дека ги цени целата љубов што ѝ доаѓа и убавите желби од фановите, но повторно истакна колку се чувствува среќна.



2 views

Comments


bottom of page