top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Се појавија аудио снимки од подморницата “Титан”

Властите најавија дека ќе се испита снимката од гласовите и разговорите на членовите на екипажот кои биле во подморницата Титаник, која исчезна додека се движеше кон остатоците од Титаник.

Инспекторите од Канада отишле до бродот „Полар принц“ за да пронајдат информации кои би можеле да бидат корисни во истрагата за исчезнувањето на подморницата „Титан“, која со екипаж од пет лица се упатила кон потонатиот брод Титаник, пренесува „Си-Ен-Ен“. Ќе истражуваат гласови и снимки од разговори, односно аудио снимки кои биле зачувани на бродот „Полар принц“.

Кејти Фокс, претседателка на Одборот за безбедност на транспортот на Канада, вели дека целта на истрагата не е да се впери прстот кон никого и да се препише вината, туку да се открие што се случило и зошто се случило и што треба да се промени.



3 views

Comentarios


bottom of page