top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Се подготвува проект за реконструкција на Штипскиот народен театар

Се подготвува проект за реконструкција на зградите на Народен театар Штип. Директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип, Горан Трајков за МИА изјави дека во моментов стручни лица работат на овој проект кој предвидува нова ефективна фасада, сала за публика, нови простории за актери, администрација, како и два стана за чекање на режисери или актери од други градови, кои ќе работат на проектот.

– Треба да се работи на подобрување на условите во самиот Театар. Јас како режисер веќе работам на еден поголем проект кој ќе биде претставен наскоро, догодина до ова време треба да имаме нова театарска зграда. Ова е амбициозен проект, кој мислам дека заедно ќе успееме да го реализираме. Овде ќе се вклучат многу луѓе и мислам дека ќе имаме театар кој ќе се вклопи во градот, вели Трајков.

Тој додаде дека на средбата со Министерството за култура во текот на изминатата недела добил ветување дека ќе се обезбедат финансиски средства за реализација на проектот.

Штипскиот народен театар годинава ќе има шест претстави во продукција, што според актерите е минимумот што треба да го има еден театар. Во вакви услови, нивната реализација е секако огромен предизвик, но би сакал да кажам дека тие не треба да бидат пречка за развојот на театарската култура.


0 views

Comments


bottom of page