Се повлекоа по најавите за казни: Репрезентациите нема да ја носат капитенска лента „OneLove“ на СП
Неколку репрезентации преку нивните капитени сакаа да носат посебна капитенска лента на Светското првенство во Катар, идеја од која на крајот мораа да се откажат по најавите за казни од ФИФА.
Имено Англија, Холандија, Велс, Германија, Белгија, Данска и Швајцарија имаа намера да ја имаат капитенската лента „One love“, лента со која се промовира еднаквоста и се изразува поддршка за ЛГБТ заедницата.
Меѓутоа ФИФА имаше јасен став околу овој нивен потег, па капитените како Кејн, Нојер, Ван Дајк…можеа да заработал жолт картони пред да почне натпреварот што на крајот ги натера сите овие селекции да донесат одлука која е во интерес на нивните екипи.
-Многу сме фрустрирани од одлуката на ФИФА за која веруваме дека е без преседан. ФИФА беше многу јасна дека ќе воведе спортски санкции доколку нашите капитени ги носат лентите на теренот. Бевме подготвени да платиме казни кои вообичаено се однесуваат на прекршување на правилата за дресовите и имавме силна посветеност да ја носиме лентата. Сепак, не можеме да ги доведеме нашите играчи во ситуација да бидат казнети или дури и принудени да го напуштат теренот, -се вели во соопштението.
Comments