Search
Се отвори 50-то јубилејно издание на Мајските оперски вечери/ФОТО
- Aleksandar Santovski
- May 10, 2022
- 1 min read
Вечерва, со почеток во 19.30 часот, во Македонската опера и балет беше отворено 50-то јубилејно издание на Мајските оперски вечери, а оваа година фестивалскиот оган го запали нашата оперска примадона, Милка Ефтимова.
Фото: П.Стојановски
Јубилејното издание на Меѓународниот фестивал на оперска уметност беше отворено со операта „Норма“ од Винченцо Белини, која ќе биде репризирана на 11 мај, а на програмата се и оперите „Лучија од Ламермур“, балетот „Жизел“, „Турандот“ од Пучини, и во оф-програмата балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“.
Традиционално музичко-сценската манифестација ќе биде заокружена на 31 мај со изведба на операта „Аида“ на Џузепе Верди.







Kommentare