top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Се одржа првиот избор за убавина без шминка во Англија

Наташа Бересфорд (26) е прогласена за прва победничка на изборот за убавина без шминка одржан во Англија. Наташа се прошета на модната писта во едноставен бел фустан од тантела, а целиот изглед го заокружи со едноставни бисерни обетки. Според правилата на изборот за мис, на натпреварувачките не им e дозволено да се шминкаат. По освојувањето на титулата Мис Лондон, таа ќе учествува на изборот за Мис на Англија подоцна оваа година. Инаку, оваа 26-годишна девојка работи како медицинска сестра во стоматолошка ординација, а по победата, како што вели, се надева дека со оваа титула ќе ги инспирира младите жени и девојки ширум светот. „Луѓето треба да ги прифатат нивните силни и слаби страни. Убавината е во едноставноста“, рече таа.



3 views

Comments


bottom of page