Се огласи ФИФА со доказ за поништениот гол на Хрватска Светско фудбал 2026
- Aleksandar Santovski
- 4 days ago
- 1 min read
03.07.2026 Juli Petok
ФИФА стави крај на дилемите околу поништениот гол на Хрватска во драматичниот финиш од осминафиналниот дуел со Португалија и објасни зошто погодокот на Јошко Гвардиол не беше признат. Во 103. минута од натпреварот мрежата на Португалците ја затресе Јошко Гвардиол, ама по ВАР реакција голот беше поништен.
Спорниот момент беше дали Игор Матановиќ имал контакт со топката пред таа да стигне до Гвардиол, бидејќи во тој момент Марио Пашалиќ се наоѓаше во недозволена позиција. Допирот беше минимален и предизвика бројни реакции.
По натпреварот ФИФА објави дека вградениот сензор во топката регистрирал контакт на Матановиќ со топката, што било клучниот доказ при ВАР проверката.
Поради тоа, погодокот на Хрватска оправдано беше поништен поради офсајд.






Comments