top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Се огласи Селин Дион: Нема да дозволам болеста да ме дефинира

31.01.2024 Januari Sreda

Реткото автоимуно нарушување, во овој случај, синдром на вкочанета личност, кое влијае на централниот нервен систем, ја стави кариерата на Селин Дион во мирување.

Таа во декември 2022 година објави дека ѝ е дијагностицирано исклучително ретко пореметување кое прави мускулите во торзото и екстремитетите наизменично да се грчат и да бидат крути. Таа тогаш најави дека ќе се повлече од настапите.

Пејачката сега најави дека наскоро ќе се емитува документарен филм за нејзиниот живот, пишува „Дејли мејл“.

Борбата на Селин Дион со неизлечивата состојба на синдромот на вкочанета личност и нејзината борба да ја продолжи кариерата ќе бидат опишани во новиот документарен филм „Јас сум: Селин Дион“, во режија на Ајрин Тејлор, номинирана за Оскар.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/celinedion„Последниве неколку години беа огромен предизвик за мене, патување од откривањето на мојата состојба до учење како да живеам со неа и да управувам со неа, но не дозволувам тоа да ме дефинира. Како што продолжува патот кон враќање на мојата кариера, сфатив колку ми недостигаше да ги видам моите обожаватели. За време на ова отсуство, решив дека сакам да го документирам овој дел од животот, да се обидам да ја подигнам свеста за оваа малку позната состојба, да им помогнам на другите кои ја споделуваат оваа дијагноза со мене. “, напиша таа на Инстаграм, без точен датум за планираната премиера на документарецот.



3 views

Comments


bottom of page