Се огласи НОВИОТ КРАЛ: Нејзината загуба длабоко ќе се почувствува низ целата земја, кралството и ком
Се огласи НОВИОТ КРАЛ: Нејзината загуба длабоко ќе се почувствува низ целата земја, кралството и комонвелтот
Новиот британски крал Чарлс се огласи по смртта на неговата мајка, британската кралица Елизабета Втора.
Во официјалното соопштение тој посочи дека ова е „момент на најголема тага“.
„Смртта на мојата сакана мајка, Нејзиното Височество Кралицата, е момент на најголема тага за мене и за сите членови на моето семејство.
Ние длабоко жалиме за смртта на нашата драга Суверена и многу сакана Мајка. Знам дека нејзината загуба длабоко ќе се почувствува низ целата земја, кралството и комонвелтот, како и од безброј луѓе ширум светот.
Во овој период на тага и промени, моето семејство и јас ќе бидеме утешени и поддржани од нашето знаење за почитта и длабоката наклонетост во која кралицата беше толку широко прифатена“, се вели во соопштението на Твитер профилот на кралското семејство.
A statement from His Majesty The King: pic.twitter.com/AnBiyZCher — The Royal Family (@RoyalFamily) September 8, 2022
Comments