Search
Се огласи и Ѓоковиќ откако шише полно вода го погоди по главата
Updated: May 13
12.05.2024 Maj Nedela
Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ ќе продолжи со настапите на турнирот во Рим по случајната повреда на главата по вчерашниот меч со Французинот Корант Муте.
На одење кон соблекувалната, Ѓоковиќ застана да подели автограми, а на едно момче кое се наведна кон српскиот тенисер, од ранецот му испадна шише кое заврши во главата на тенисерот.
По инцидентот се огласи Ѓоковиќ:
Ова беше една случајност. Се одморам во хотелот со мраз на главата. Се гледаме в недела, напиша српскиот тенисер на Икс.
Во следното коло Ѓоковиќ утре ќе игра со Алехандро Табило од Чиле.
Comments