Се огласи ВАР судијата кој го потврди спорниот пенал над Стерлинг: Не можев ништо да направам (ВИДЕО
Европското првенство е веќе зад нас и истото како што е познато заврши со триумф на селекцијата на Италија.
Меѓутоа за некои одлуки на шампионатот се уште се зборува, дебатира, а една од најконтраверзните е онаа на Дани Макели во полуфиналето меѓу Англија и Данска кога во продолжението досуди пенал над Рахим Стерлинг кој од втора го реализираше Хари Кејн и ги одведе „трите лава“ во финалето.
Многумина сметаат дека Макели едноставно не можел, не смеел да досуди пенал во таа ситуација, но и како е возможна таа одлука да е потврдена и од ВАР собата. Човекот кој беше главен во ВАР собата за тој меч беше Пол Ван Бекел кој одлучи да проговори на оваа тема.
-Честопати се прашувам што ќе се случеше ако интервенирав. Ја разбирам критиката, но не на моја сметка. Грешката на Макели не беше очигледна, ништо не можев да направам. Од еден агол на камерата видов дека постои контакт меѓу дефанзивецот и напаѓачот. Мислам дека пеналот беше престрого досуден, ама во таква ситуација морам да го поддржам судијата. Таков е ВАР протоколот, -истакна Ван Бекел.
Comentários