top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Се навикнав…“: Приказната на Селин Дион станува сè потажна, пејачката откри што правела пред настапите

14.06.2024 Juni Petok

Легендарната пејачка Селин Дион (56) откри дека станала зависна од лекови за ублажување на грчеви во мускулите, дури и пред нејзината дијагноза – синдром на вкочанета личност, пренесува „Мирор“.

Дион ја откри својата дијагноза во 2022 година, кога ја откажа светската турнеја „Courage“.

Сегаа таа изјави дека пред дијагнозата земала дијазепам за да го опушти телото пред настапи, но не ги знаела неговите ефекти.„Не знаев дека може да ме убие. Ќе земав, на пример, 20 милиграми валиум пред настапот и додека да стигнам од соблекувалната до бекстејџот, веќе ќе го немаше“, изјави пејачот. .

Таа објасни дека нејзиното тело почнало да се навикнува на лекот, па ги зголемила дозите бидејќи по земањето на лекот, 20 минути подоцна повторно ќе ги почувствува симптомите.

Порано земала и до 90 милиграми дневно, што е доза која може да биде фатална. Меѓутоа, за време на пандемијата, таа се одвикна од лекови со помош на нејзиниот лекар.

Самата си признала дека бројните деловни обврски и болката што останала кога сопругот ја напуштил на почетокот на 2016 година, не можеле да ја олеснат ситуацијата со земање големи дози лекови.


4 views

Comments


bottom of page