top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Се „закани“ со пиштол среде концерт: Адел проговори за фановите кои фрлаат предмети кон пејачите

Во последно време, се појави еден необичен тренд на фрлање предмети кон пејачите за време на нивните концерти. Прва жртва беше пејачката Бебе Реџа, која беше удрена со мобилен телефон за време на нејзиниот концерт во Њујорк.Неколку дена подоцна, еден обожавател ѝ удри шлаканица на пејачката Ава Макс среде нејзиното музичко шоу во Лос Анџелес. Иако не стануваше збор за удар со физички предмет, тоа, дефинитивно, беше насилен акт.

И пејачката Пинк доживеа бизарност на сцена – еден од присутните на нејзин концерт ја фрли пепелта на неговата покојна мајка на сцената.

Британската пејачка Адел го искоментира бизарниот тренд за време на нејзиниот последен концерт во Лас Вегас, каде одржува серија концерти со називот „Викенди со Адел“.

„Дали забележавте дека луѓето го заборавија кодексот на однесување на концертите и почнаа да фрлаат предмети на сцената. Дали го видовте тоа?“, ѝ се обрати таа на публиката.„Е*ено ве предизвикувам. Јас ве предизвикувам да фрлите нешто кон мене и е*ено ќе ве убијам“, рекла таа, мавтајќи со пиштол кој испукува маици.„Престанете да фрлате работи кон уметниците, но можете да пукате предмети кон луѓе“, се насмеала таа и почнала да пука со пиштолот со маици кон публиката.

Оваа постапка на британската пејачка ги насмеа нејзините фанови.

„Ова е премногу смешно“, „Плачам“, „Кралица“, се дел од коментарите на социјалните медиуми.


1 view

Comments


bottom of page