top of page

Се гордеам со овој проект, но се извинувам ако повредив некого

15.03.2021 mart ponedelnik

Васил Гарванлиев преку Фејсбук го објасни повлекувањето на евровизискиот спот

Васил Гарванлиев преку Фејсбук го искоментира повлекувањето на спотот за песната „Here I Stand“ со која ќе ја претставува Македонија на претстојното издание на Евровизија што ќе се одржи во Ротердам во мај. Тој се заблагоради и за поддршката која ја добил досега.

– За жал, изминатиот викенд работите тргнаа во различна насока во мојата убава Македонија и моравме да го повлечеме и повторно да го објавиме видео-спотот (поради погрешно толкување на триптихот на ѕидот). Јас сум музички амбасадор и во музиката нема религија, политика, ориентација, раса или боја. Се гордеам со овој проект кој ме отелотворува не само мене, туку и мојата држава и култура – музичарите и изведувачите во галеријата – напиша Гарванлиев на Фејсбук во прилог на неговото видео-обраќање.

Тој се извини ако повредил некого.

– Не се извинувам поради тоа кој сум. Никогаш нема да го сторам тоа – немав избор во ова. Но, ако повредив некого на кој било начин, од се срце се извинувам. Простете ми – порача Гарванлиев, додавајќи и стихови од неговата евровизиска песна.

Се уште нема официјален став во врска со случајот од Македонската телевизија, носител на лиценцата за учество на „Евровизија“.


 
 
 

Comments


bottom of page