top of page
Search

Се вжештуваат трките за титулата, индивидуалните признанија, „двојната круна“…

05.07.2024 Juli Petok

ФУДБАЛ – ОД УТРЕ ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ГЕРМАНИЈА

По 44 одиграни натпревари, познати се учесниците во четврт-финалето на фудбалското Европско првенство (ЕП), во кое ќе има претставници на пет од шесте групи, како и пет од шесте носители што беа во првиот барабан пред ждрепката и четири од шесте победници на групите во групната фаза на годинашниот континентален шампионат што се игра во Германија.Така, во четврт-финалето нема репрезентација од групата Е, во која четири репрезентации по трите кола имаа по четири бода. Меѓу осумте најдобри селекции се Германија и Швајцарија од групата А, Шпанија од групата Б, Англија од групата Ц, Франција и Холандија од групата Д и Португалија и Турција од групата Ф.Во трката за трофејот на ЕП 2024 се и пет од шесте репрезентации што беа во првиот барабан пред ждрепката, и тоа Германија, Португалија, Франција, Шпанија и Англија (во тој барабан беше и Белгија), и по една од вториот, Турција, и од третиот барабан, Холандија.Во четврт-финалето се и четири првопласирани селекции во групите на ЕП 2024, Германија, Шпанија, Англија и Португалија, три репрезентации што беа на второто место, Швајцарија, Турција и Франција, како и една што се пласира на третото место во својата група, Холандија.Само репрезентациите на Швајцарија, Шпанија и на Англија остварија два пласмана по ред во четврт-финале на европските првенства, откако беа меѓу осумте најдобри репрезентации и на минатиот континентален фудбалски шампионат, игран во 2021 година.

По двата дена пауза, вчера и денеска, четвртфиналните натпревари на програмата се утре (Германија – Шпанија и Франција – Португалија) и в сабота (Холандија – Турција и Швајцарија – Англија). Првите два дуела, на пример, се репризи на некогашни финалиња на ЕП (Германија и Шпанија играа меѓу себе за титулата во 2008 година, а Франција – Португалија на ЕП 2016).Покрај трката за трофејот, во тек се и трките за индивидуалните признанија, и тоа за најдобар играч на турнирот (првпат доделено во 1996 година), наградата за најдобар стрелец, како и за најдобар млад фудбалер на ЕП (фудбалери до 21 година, првпат доделена во 2016 година), а ќе биде одреден и идеалниот тим на турнирот.Осум фудбалери, пак, останаа во игра за необична двојна круна, да станат европски прваци со клуб и со репрезентација во иста година. Досега тоа им успеа на 10 фудбалери, според податоците на Европската фудбалска унија (УЕФА). Во пресрет на четврт-финалето на ЕП 2024 тоа можат да го направат осум фудбалери на европскиот клупски првак за годинава, шпанскиот Реал Мадрид, и тоа Антонио Ридигер и Тони Крос од Германија, Дани Карвахал, Начо и Хоселу од Шпанија, Ферлан Манди и Едуардо Камавинга од Франција и Џуд Белингем од Англија. За да се квалификуваат како „двојни победници“, фудбалерите мора да се појават во двете победнички финалиња, пишува УЕФА на својата интернет-страница. Н.М.ФУДБАЛ – ЕП 2024 ОСМИНАФИНАЛЕ

Швајцарија – Италија 2-0Германија – Данска 2-0Англија – Словачка 2-1Шпанија – Грузија 4-1Франција – Белгија 1-0Португалија – Словенија 0-0, 3-0 п.Романија – Холандија 0-3Австрија – Турција 1-2

ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ1. Шпанија – Германија утре, 18 ч.2. Португалија – Франција утре, 21 ч.3. Англија – Швајцарија сабота, 18 ч.4. Холандија – Турција сабота, 21 ч.

ПОЛУФИНАЛЕПобедник 1 – победник 2 9 јулиПобедник 4 – победник 3 10 јули

финалето е на 14 јули во Берлин


0 views

Комментарии


bottom of page