top of page

Свечено отворен реконструираниот Дом на културата „11 Октомври“ во Ченто

02.04.2026 April Cetvrtok

Свечено беше отворен денес реконструираниот Дом на културата „11 Октомври“ во Ченто, културен објект во рамките на Општина Гази Баба.

„Денешниов настан претставува повеќе од отворање на еден објект, тој е симбол на нов почеток, на обновена енергија и на засилена грижа за културниот живот“, истакна министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, на денешното свечено отворање, во присуство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Министерот Љутков додаде дека со инвестиција од над 87 милиони денари, обезбедена преку средствата од капиталните дотации за културата, Домот на културата „11 Октомври“ е целосно реконструиран и трансформиран во современ, функционален и енергетски ефикасен објект, приспособен за одржување најразлични културни настани.


 
 
 

Comments


bottom of page