Search
Свечено отворање на новата концертна сезона на Филхармонија со настап на Симон Трпчески
На 7 октомври во 20 часот, Филхармонија ја отвора новата концертна сезона со настап на исклучителниот македонски пијанист – Симон Трпчески.
На програмата се две ремек дела на Франц Лист – Концертот бр. 2 и Симфонијата „Данте“.
Диригент е Габриел Бебешелеа од Романија, а ќе настапи и хорот „Про-Арс“.
Билетите се веќе достапни и можат да се резервираат на тел: 02 / 3238 182 и да се купат онлајн на веб-страницата www. filharmonija.mk
Comentarios