Свечен концерт по повод Светскиот ден на Хармониката
20.05.2024 Maj Ponedelnik
Здружението „Љубители на класична музика“ Скопје, членка на Светската унија на хармоникашите Confédération Internationale des Accordéonistes (CIA) Member of the
International Music Council (IMC-UNESCO) вечер во 20 часот организира Свечен концерт по повод светскиот ден на хармониката.
Концертот, што се организра по 16-ти пат, ќе се одржи во НУ Музеј на македонската ора за самостојност.
-На концертот ќе настапат реномирани уметници од земјава, како и студенти од класата на професорката Зорица Каракутовска од Факултетот за музичка уметност Скопје.
Покрај солистичките точки, на концертот ќе настапат и хармоникашки камерни ансами, како и камерни ансамбли составени од хармоника и други инструменти. На програмата се дела од Семјонов, Зуицки, Штраус, Пјацола, Бете Илин и
други, информираат организаторите.
Светската унија на хармоникашите во 2009 година го прогласила 6 мај за Светски ден на хармониката (World Accordion Day), идејќи на овој датум во 1829 година е
патентирана првата хармоника.
Роденденот на хармониката се чествува во многу земји низ светот, а овој меѓународен проект во земјава е поддржан од Министерството за култура, како проект од национален интерес.
Comments