Search
„Светците“ одат на мегдан со „кралевите“ по незапаметениот гаф на УЕФА
Пари Сен Жермен ќе игра против Реал Мадрид, а Интер против Ливерпул, како резултат на повторената ждрепка за осминафиналните двојки од Лигата на шампионите (ЛШ). Ждрепката во Нион, Швајцарија, беше влечена по вторпат поради технички проблеми со софтверот.
Интересно е што бранителот на трофејот Челси повторно беше извлечен против француски Лил, како и при првичната ждрепка.
Првите дуели се закажани на 15/16 и 22/23 март, а реваншите ќе се играат на 8/ 9 и на 15/16 март.
Осминафинални двојки
Салцбург – Баерн Минхен Спортинг – Манчестер Сити Бенфика – Ајакс Челси – Лил Атлетико Мадрид – Манчестер јунајтед Интер – Ливерпул ПСЖ – Реал Мадрид Вилареал – Јувентус
Comments