top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Светскиот рекордер на 5.000 метри поради повреда го завршува атлетскиот Мундијал

Светскиот шампион на 10.000 метри од Мундијалот во Будимпешта, Џошуа Чептегеј, се повлече од понатамошните трки и поради повреда го откажа својот настап во дисциплината 5.000 метри слободно.

Атлетичарот од Уганда изјави дека има проблеми со стапалото, па затоа решил да не ризикува дополнително и става крај на својот настап во главниот град на Унгарија.

„Навистина би сакал да трчам и на 5.000 метри, но се плашам дека тоа е невозможно. Имав мала повреда на стапалото и не би сакал таа да се комплицира дополнително. Лесно е да учествувам на трката, но ако повредата стане посериозна, тешко ќе биде да се рехабилитирам“, изјави Чептегеј.

Публиката во Будимпешта ќе остане „покуса“ за мајсториите на Чептегеј, кој е воедно светски рекордер на 5.000 метри и е актуелен планетарен владетел во оваа дисциплина. Тој пред само неколку дена се закити со златниот медал на 10.000 метри и беше најголем фаворит за дупло пократката трка, заедно со Норвежанецот Јакоб Ингебритсен.






3 views

Comments


bottom of page