Светскиот ден на книгата и авторското право во Универзитетската библиотека
17.04.2024 April Sreda
По повод претстојниот Светски ден на книгата и авторското право, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Скопје на 22 април (понеделник), со почеток во 12 часот, ќе го организира веќе традиционалниот настан посветен на чествувањето на книгата, авторите и читателите, со подарување книги и рози во холот на Библиотеката.
За време на одбележувањето на Светскиот ден на книгата и авторското право ќе бидат прочитани светската порака од генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле, и македонската порака што оваа година ја напиша нашата позната поетеса, пијанистка и композиторка Ива Дамјановски, а извадоци од делата на легендарниот писател Мигел де Сервантес ќе прочитаат некои од дипломатскиот кор на земјата.
На одбележувањето ќе се обратат директорот на НУБ „Св. Климент Охридски“, Рахметула Куќи, и амбасадорот на Кралството Шпанија Хосе Луисн Лозано Гарсија.
Comments