Светската филмска елита доаѓа на фестивалот во Венеција
Венецискиот филмски фестивал, најстариот во светот и еден од најпрестижните, заедно со оние во Кан и Берлин, почна на 31 август и ќе трае до 10 септември. Вечерта во „Палацо дел синема“ ја обележа појавувањето на Кетрин Денев, која прими „Златен лав“ за животно дело. Потоа следеше видео-порака од претседателот на Украина, Володимир Зеленски, слично како на Канскиот филмски фестивал во мај. Честа да го отвори натпреварувачкиот дел ја имашe филмот на Ноа Баумбах „Белата врева“ со Адам Драјвер и Грета Гервиг. Ниту годинава не недостигаа ѕвезди на црвениот тепих на Лидо. 79. издание на филмската екстраваганца привлече десетици познати личности. Меѓу гостите се очекуваат Кејт Бланшет, Тимоти Шаламе, Адам Драјвер, Пенелопе Круз, Шија Лебуф, Оливија Вајлд, Хари Стајлс, Флоренс Пју, Ана де Армас и Брендан Фрејзер, кои сите треба да ги презентираат своите нови филмови. Шпанската актерка Пенелопе Круз глуми во италијанскиот филм The Immenity на Емануеле Криалезе, додека Австралијката Кејт Бланшет глуми диригент во филмот TAR на Тод Филд. Филмот „Русокоса“ на Ендрју Доминик, инспириран од животот на Мерлин Монро со Ана де Армас во главната улога и Адриен Броди, несомнено ќе привлече внимание, a честа да го отвори натпреварувачкиот дел ја имашe филмот на Баумбах „Белата врева“. Во трката за престижниот „Златен лав“ за најдобар филм се натпреваруваат 23 филма.
Comments