Саутгејт со сурово искрен заклучок: Англија треба да мине долг пад за да биде како Италија
09.07.2021 Juli Petok
Селекторот на репрезентацијата на Англија, Герет Саутгејт даде помалку неочекуван коментар во врска со нивниот противник во финалето од Европското првенство, селекцијата на Италија. Стратегот на „Гордиот албион“ призна дека тие мора да минат долг пат пред да го достигнат нивото на Италија и да бидат сместени меѓу најдобрите фудбалски нации, нешто што е случај со „аѕурите“. – Ги следам нивните настапи две години и знам што прави Роберто. Знаеме дека беа разочарани што не се квалификуваа на Светското првенство, Италија е неверојатна фудбалска нација, мислам дека вчера начув дека имаат 12 полуфиналиња и десет финалиња. Во споредба со нас, тоа е неверојатен рекорд. Треба да изодиме долг пат пред да бидеме препознаени како фудбалска нација како што е Италија, -изјави Саутгејт. Финалниот натпревар од Европското првенство се игра во недела со почеток од 20 часот, а Англија ќе има голема можност да стигне до првиот голем трофеј по 1966 година затоа што овој натпревар го игра пред своја публика, на легендарниот стадион „Вембли“.
Σχόλια