top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Саутгејт се огласи со емотивно соопштение и ја објави својата конечна одлука

16.07.2024 juli Vtornik

Герет Саутгејт во иднина нема да биде селектор на англиската фудбалска репрезентација, информација која ова попладне ја соопшти самиот тој два дена по поразот во финалето на Европското првенство.

Човекот кој доби многу критики за играта која ја прикажа Англија на турнирот во Германија на крајот самиот реши да се тргне настрана и да му даде шанса на друг тренер, иако Фудбалската Асоцијација имаше план да го продолжи проектот со него.

Саутгејт презема одговорност за вториот пораз во второто финале на Европските првенства, па со овој потег става крај на својата осумгодишна етапа како селектор на „Гордиот Албион“.

– Како горд Англичанец, ми беше најголема чест што играв за Англија и што ја водев Англија како селектор. Тоа ми значеше се и дадов се од себе. Но, сметам дека е време за промена, време е за ново поглавје.

– Тимот кој беше со мене во Германија е полн со возбудливи таленти и тие можат да го освојат трофејот за кој сите сонуваме. Ние ги имаме најдобрите фанови во светот и нивната поддршка ми значеше се. Јас сум фан на Англија и секогаш ќе бидам. Со нетрпение чекам да ја гледам оваа селекција и да се радувам на спомените кои ќе ги имаме како нација. Ви благодарам, Англија пред се, – порача Саутгејт.


3 views

Comments


bottom of page