Саутгејт: Не смееме да дозволиме да го решаваме пласманот на ЕП во Македонија
Англија ќе биде еден од противниците на Македонија во јунските термини од квалификациите за ЕП, а селекторот Герет Саутгејт денеска го потврди списокот на фудбалери кои ќе бидат во комбинација за овој натпревар.
Саутгејт зборувал и за претстојните противници, уште еднаш потенцирајќи го фактот дека Англија нема победа на домашен терен во меѓусебните дуели со Македонија.
– Не мислам дека другите репрезентации ќе одмораат фудбалери, а ние досега два пати не успеавме да ја победиме Македонија на домашен терен.
– Затоа лесно можеме да паднеме во стапица, ако сакаме да бидеме екипа од врвот и да станеме европски шампиони, мора да ги добиваме сите натпревари, а тоа посебно важни за покомплицираните, бидејќи за нив сите сметаат дека лесно ќе ги добиеме.
– Ова ќе биде добар тест за нас како репрезентација и екипа, треба да покажеме заедништво и да ги потврдиме добрите игри од март. Мора да се осигураме дека нема да одиме на гостувањето против Македонија со притисок да победиме за пласман на ЕП, – рекол Саутгејт, алудирајќи на фактот дека квалификацискиот циклус ќе заврши со гостување на Англија во нашата земја.
Comments