Саутгејт не калкулира, Англија со најсилен состав против Македонија и Малта
- Aleksandar Santovski
- Nov 9, 2023
- 1 min read
Селекторот на англиската репрезентација, Герет Саугејт, го објави списокот на повикани фудбалери кои ќе конкурираат за настап на претстојните квалификациски натпревари против Малта и Македонија.
„Трите лава“ веќе обезбедија „виза“ за Европското првенство догодина, но и покрај тоа, важат за големи фаворити против двата ривала. Сигурно е дека победа над Малта малку би ја „растоварила“ Англија пред гостувањето во Скопје, но Саутгејт најавува пожртвувана игра и вистински пристап кон предизвиците.
Селекторот посакува неговиот тим да заврши како првопласиран во групата и шансите за такво нешто се огромни, а во списокот нема премногу изненадувања и повикани се играчи кои настапуваа и минатиот период. Нападот одново ќе биде предводен од неверојатниот Хари Кејн, а тука се секако и Сака, Фоден, Грилиш и останатите.
Англија можеби пристигнува во Скопје со обезбедено учество на континенталниот собир, но тоа воопшто не значи дека нашите репрезентативци ќе имаат полесна работа на арената „Тодор Проески“. Се работи за тим кој во моментов е петтопласиран на ФИФА ранкингот и во последниве години има исклучително силна генерација која е „страв и трепет“ за сите противници. Натпреварот помеѓу Македонија и Англија е закажан за 20 ноември, со почеток во 20:45 часот.


Comments