top of page

Саутгејт конечно го погоди офанзивното трио, Американците со победа до осминафинале (Видео)

Маркус Рашфорд и Фил Фоден добија шанса од стартот на дуелот меѓу Англија и Велс и со своите голови го потврдија првото место во групата на селекцијата предводена од Герет Саутгејт.

Англискиот селектор конечно ги промени крилните напаѓачи, па Рашфорд со два и Фоден со еден гол се покажаа како одлично друштво за Хари Кејн, кој рано беше повлечен од игра.

Рашфорд го отвори резултатот со гол од слободен удар во 50. минута, а две минути подоцна Фоден го зголеми водството на асистенција на Кејн. Конечните 3:0 ги постави Рашфорд во 68. минута.

На вториот натпревар, Соединетите Американски Држави го победија Иран со 1:0, а решавачкиот момент беше голот на Пулишич во 38. минута.

Според резултатите, Англија во осминафиналето ќе се сретне со Сенегал, додека Американците одат на дуел со Холандија.

ree

 
 
 

Comments


bottom of page