top of page

Саутгејт ги посочи двајцата играчи кои посебно го воодушевиле против Македонија: Знаев дека тие ќе б

Саутгејт ги посочи двајцата играчи кои посебно го воодушевиле против Македонија: Знаев дека тие ќе бидат клучни

Англија ја продолжи својата максимала ефикасност на квалификациските натпревари и вечерва ја победи Македонија со убедливи 7:0, резултат кој направи Герет Саутгејт да биде горд на својот тим исполнет од големи фудбалски ѕвезди.

Иако можеше да одмора дел од најдобрите играчи и да се потпре на оние кои поретко добиваат шанса, Саутгејт реши максимално сериозно и професионално да се насочи кон Македонија, а тоа направи да видиме огромна доминација на фаворитот кој не дозволи нашите фудбалери да испратат ниту еден шут кон голот на Пикфорд.

Во својата анализа направена по крајот на средбата на „Олд Трафорд“, Саутгејт ги посочи Сака и Рашфорд како клучни за преубедливиот триумф, но им се заблагодари и на сите фудбалери кои покажаа желба да играат за репрезентација по крајот на напорната и исцрпувачка сезона.

– Премногу сум задоволен, атмосферата на стадионот беше неверојатна. Ова беше брилијатна ноќ за играње фудбал. Времето беше добро, теренот беше перфектен, навивачите беа извонредни. Најмногу ме радуваше тоа што секогаш покажувавме глад да ја вратиме топката кога ќе ја изгубевме за момент. Квалитетот на игра беше многу висок, а завршницата безмилосна. Играчите го имаа секое право на светот да бараат одмор и да не дојдат, но не го направија тоа.

– Имаше момци кои се вратија во репрезентацијата после најважната недела во нивните животи на професионално ниво. Имаше и момци кои по две недели беа на плажа, но се вратија за да играат. Тука градиме нешто поинакво и тоа е многу добро. Секоја чест за Сака, работи неверојатно напорно за да игра на ова ниво. Тој е многу талентиран, но и прибран и приземјен. Не сме изненадени од тоа што го прави, вакви работи прави на секој тренинг во репрезентацијата. Сака, Рашфорд и Кејн беа извонредни цела сезона во своите клубови и почувствував дека вечерва ќе ни биде потребна транзиција, знаев дека ќе има повеќе простор за брзи играчи како Сака и Рашфорд. Знаев дека тоа ќе биде клучно, иако на клупата имавме уште опции со Грилиш и Фоуден. Добро е што имаме такви конкуренција во тимот, овојпат сите играчи ги имавме на располагање, – изјави Саутгејт.


 
 
 

Comentarios


bottom of page