top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Саудиска Арабија првпат на избор за мис на светот, убавица без хиџаб

05.04.2024 April Petok

Саудиска Арабија оваа година првпат во историјата ќе учествува на престижниот, најголем натпревар за убавина – изборот за Мис Универзум.

Оваа исламска земја ќе ја претставува убавата Руми Алкатани, на која ѝ е дозволено да биде обична жена и да ги покаже своето лице, кожа и долгата коса пред светот.

Иако Руми поради ова ќе влезе во историјата, сепак има уште многу да му претстави на светот. Дипломирала стоматологија, течно зборува англиски и француски јазик, посветена е на културата, уметноста и на науката и е љубител на патувањата и модата.

На престижниот натпревар, кој ќе се одржи во Мексико, ќе учествуваат повеќе од 90 жени од разни делови на светот, а ќе опфати три категории. Убавиците ќе шетаат во елегантни фустани, костими за капење и ќе ја претстават својата личност.

На 27-годишна возраст Руми ја претставуваше Саудиска Арабија на меѓународни натпревари, како што се „Мис арапски мир“, „Мис Азија“ и „Мис на Европа“.

Активна е во еколошки проекти и на социјалните мрежи, а ја нарекуваат и инфлуенсер.

Досегашниот концепт на изборот за убавина, дефинитивно, се промени, а претходно голема полемика предизвика уште еден настан кога за мис на Германија беше избрана жена што со победата ги прекрши сите традиционални норми за убавина.


0 views

コメント


bottom of page