top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Саудиска Арабија го претстави првиот робот со вештачка интелигенција

Саудиска Арабија официјално го претстави својот прв робот што може да зборува на различни арапски дијалекти, да изведува популарни локални танци и да одговара на прашања. Роботот е претставен на конференција одржана во Ријад, а се работи за интерактивна машина што содржи вградена камера. Оваа камера користи вештачка интелигенција за детектирање луѓе пред роботот, а потоа роботот може да започне разговор кога посетителот ќе му се обрати со поздравот „Здраво Сара“.

Роботот Сара има способност да препознава дијалекти, може да анализира реченици и да ја разбере нивната содржина. Ова му овозможува да понуди релевантни одговори, кои може да ги испрати и во текстуална форма.

Во октомври 2017 година, Саудиска Арабија стана првата земја во светот што му додели државјанство на робот. Тоа беше роботот Софија произведен од компанијата „Хансон роботикс“ од Хонгконг. Софија дебитира во Ријад.

– Почестена сум и горда на ова уникатно признание, ова е историски момент бидејќи јас сум првиот робот што доби државјанство – изјави тогаш Софија.

Малку подоцна Софија побара поголеми права за жените во Саудиска Арабија.

– Софија е голем застапник за правата на жените, правата за сите човечки суштества. Таа зборува за правата на жените во Саудиска Арабија и за правата на сите луѓе и сите живи суштества на оваа планета – рече тогаш Дејвид Хансон, извршен директор на „Хансон роботикс“.

Случајот на Софија веднаш стана главна тема на интернет, каде што се разговараше за тоа како роботот лесно добил државјанство во земја што дури и не им дозволува на жените да возат.

Активистите за човекови права тврдеа дека е апсурдно машина направена од човекот да има повисок социјален статус од целата женска популација.

Во септември 2022 година, Саудиска Арабија претстави три нови роботи што го учат Куранот и повикуваат на молитва и предаваат проповеди.


1 view

Comments


bottom of page