top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Сасексови ѝ кажаа на кралицата дека наскоро ќе ги прегрне Лилибет и Арчи

Updated: Apr 19, 2022

18.04.2022 April Ponedelnik

Принцот Хари и Меган ѝ ветиле на кралицата дека ќе ги види своите правнуци, Арчи и Лилибет, во блиска иднина. Војводата и војвотката од Сасекс го дадоа ветувањето при нивната посета на Лондон, најавувајќи ја можноста повторно да дојат за платинестиот јубилеј. Двојката во четвртокот замина во Велика Британија од Калифорнија на тајна средба лице в лице со 95-годишната монархиња – која допрва треба да ја запознае својата правнука Лилибет. Тие, исто така, ги видоа принцот Чарлс и војвотката од Корнвол во текот на посетата на замокот Виндзор. Сепак, тие не се сретнаа со принцот Вилијам, кој минатата недела замина на скијање на француските Алпи со сопругата Кејт и нивните три деца – иако знаеше за посетата на Хари и Меган, пренесува „Мирор“ Ова беше прво заедничко патување на Сасексови во Обединетото Кралство откако се откажаа од кралскиот живот во март 2020 година. Високи кралски извори ги опишаа средбите како „неверојатно топли и многу срдечни.“ Британските медиуми потсетуваат дека кралицата претрпе низа здравствени проблеми во последните месеци. Покрај ноќевање во болница поради необјаснета состојба, таа боледуваше од Ковид во февруари и имаше влошени проблеми со мобилноста. Извор близок до Сасексови рече: „И војводата и војвотката се свесни дека кралицата старее и има здравствени проблеми поврзани со нејзината возраст. „Тие јасно ставија до знаење дека сигурно планираат да се вратат да ја видат со своето семејство во блиска иднина.“ Рекордното 70-годишно владеење на кралицата Елизабета Втора, односно платинестиот јубилеј, ќе се прославува во целата земја со продолжен празничен викенд од 2 до 5 јуни.



2 views

Comments


bottom of page