top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Саркофаг од Антички Рим пронајден во Појасот Газа

На местото на римските гробишта стари 2.000 години, откриени минатата година во северниот дел на Појасот Газа, неодамна е пронајден саркофаг од ерата на Антички Рим, кој, најверојатно, ѝ припаѓал на некоја истакната личност, соопшти палестинското министерство за антиквитети.

Работата на местото каде што досега се пронајдени околу 90 индивидуални и масовни гробници е под надзор на француски експертски тим, пренесува „Ројтерс“.

Саркофагот на некој великодостојник од тој период сѐ уште не е отворен и е ставен во дрвен контејнер за транспорт, по што ќе го анализираат палестински и меѓународни стручни тимови.

Портпаролот на министерството, Тарек ел Аф, нагласи дека отворањето на саркофагот ќе го чека пристигнувањето на меѓународен експерт за метал и додаде дека глинените садови и другите предмети пронајдени во гробницата укажуваат дека датираат од периодот на Антички Рим, односно пред околу 2.000 години. Тој додаде дека гробиштата на северот на Газа се на локацијата на старото пристаниште од времето на Грците и на Римјаните.


0 views

Comments


bottom of page