Сари го спушти Милинковиќ-Савиќ на земја: Има сегменти во кои мора да се подобри
Лацио испиша историја и стана првиот тим кој победил на три натпревари со резултат 4:0 во Серија А, успех при кој најголемо внимание му се даде на Сергеј Милинковиќ-Савиќ кој игра во страшна форма на стартот на сезоната.
Србинот има биланс од седум асистенции и три гола во првите девет натпревари во италијанската елита, но додека цела јавност е импресионирана од неговите изданија, а претседателот Лотито тврди дека неговата пазарна вредност достигнала 120 милиони евра, со еден нависитна поинаков став се јави Маурицио Сари.
Тренерот на Лацио одлучи да го спушти играчот за врска на земја, потенцирајќи дека италијанската јавност се осврнува само на фудбалот и со тоа ги занемарува другите спортови.
– Премногу се зборува за Сергеј. Ден по победата над Фиорентина ги отворив весниците и читав вести само за Сергеј и за неговата вредност на трансфер пазарот. Истовремено, велосипедистото Филипо Гана извозе неверојатна трка и постави рекорд, па морав да одам на специјализирани сајтови за да прочитам за тоа.
– Премалку се пишува за вистинскиот спорт и тоа покажува колку италијанскиот печат е пристрасен кон фудбалот. Вистина е, Сергеј има одлични бројки оваа сезона, но има и сегменти во кои мора да се подобри. Ќе посочам еден, тоа е бројот на загубени топки на срединиот ред. Тој има уште многу простор за напредок, – вели Сари.
Comments